ДЕСЕТИНА ПАДНАТИ ДРВЈА НИЗ СКОПЈЕ ОД СИНОЌЕШНИОТ ПОРОЕН ДОЖД

    ДЕСЕТИНА ПАДНАТИ ДРВЈА НИЗ СКОПЈЕ ОД СИНОЌЕШНИОТ ПОРОЕН ДОЖДПаднато дрво во градинката „13 Ноември“ кај полициска станица „Беко“.(Фото: К.Попов)

    Десетина дрвја и гранки се искршени по вчерашниот пороен дожд во Скопје. Екипи од Општина Центар дури утрово интервенирааа во дворот на градинката “13 Ноември“ кај полициската станица „Беко“ каде цел двор беше блокиран од паднато дрво.

    Од ЈП „Паркови и зеленило“ велат дека интервенирале на неколку локации низ градот, нема повредени граѓани, но како и при секое невреме или пороен дожд има дрва паднати врз автомобили.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира