Од 31 мај до 6 јуни од ковид-19 починале 13 лица од 6 градови, 45,8% помалку во однос на претходната недела, стои во неделниот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Во однос на возраста, 9 лица биле над 60 години, 3 лица на возраст од 50-59 години и едно лице од 40-49 години.
Вкупно ковид дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата се 155.418, оздравени се 149.496, починаа 5.458, а активни случаи се 464.
Според Институтот, oд 31 мај до 6 јуни, тестирани се 19.672 материјали, со зголемување од 9,1% во однос на минатата недела. Регистрирани се 155 нови позитивни случаи од 21 град во државата со намалување од 29,5% во однос на минатата недела.
Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (65; 41,9%), со неделна инциденца – 10,5/100.000. Највисока неделна инциденца од 35,8/100.000 е регистрирана во Демир Хисар.
Процентот на позитивност се движи од 0,1% до 1,4%, просечно 0,7%.
Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (52, 33,5%). Заболени се регистрираат и кај лицата во возрасните групи од 50-59 (26; 16,8%), 40-49 (25; 16,1%), 30-39 (20; 12,9%) и 20-29 (18; 11,6%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (4; 2,6%) и 10-19 години (10; 6,5%).
По добиени 2 негативни теста или со употреба на новиот алгоритам, со статус оздравени се стекнале 465 лица кое биле хоспитализирани или на домашно лекување, со намалување од 30,8% во споредба со минатата недела.
Во однос на вакцинацијата против ковид-19, Институтот наведува дека заклучно со 6 јуни, аплицирани се следните дози:
• 60.526 дози на „Фајзер“ (43.441 со прва доза и 17.085 со втора доза),
• 45.168 дози на „спутник“ (22.875 со прва доза и 22.293 со втора доза),
• 32.875 дози на „АстраЗенека“ (32.843 со прва доза и 32 со втора доза) и
• 251.705 дози „Синофарм“ (147.998 со прва доза и 103.707 со втора доза).
Заклучно со 6 јуни, вакцинирани се вкупно 247.157 лица со барем една доза на вакцина против ковид-19. Комплетно се вакцинирани вкупно 143.117 лица.