ВМРО-ДПМНЕ И СДСМ ЌЕ СЕ ИСТЕПАА НА УШТЕ НЕПРЕДЛОЖЕНИ КАНДИДАТИ ЗА УСТАВНИ СУДИИ

    ВМРО-ДПМНЕ И СДСМ ЌЕ СЕ ИСТЕПАА НА УШТЕ НЕПРЕДЛОЖЕНИ КАНДИДАТИ ЗА УСТАВНИ СУДИИПцовки, вербални закани, неконтролирано викање, станување од место кон Костадинов со порака дека „Ќе го јаде", што го усвоил дневниот ред, симнување и одземање на неговиот микрофон, се гледаат и слушаат на снимката објавена од вчерашните три часа од седницата. (Фото: Фејсбук/принтскрин)

    Надвор од очите на јавноста, за среќа во присуство на собраниско обезбедување, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и претседателот на комисијата за избори и именувања, Костадин Костадинов од СДСМ, ќе се истепаа вчера.

    Пцовки, вербални закани, неконтролирано викање, станување од место кон Костадинов со порака дека „Ќе го јаде”, што го усвоил дневниот ред, симнување и одземање на неговиот микрофон, се гледаат и слушаат на снимката објавена од вчерашните три часа од седницата.

    Според Благица Ласовска од ВМРО-ДПМНЕ, претседателот Костадинов ги разлутил нејзините колеги бидејќи не им дал процедурално да реагираат што е спротивно, вели таа, на Деловникот.

    „Прво, не ни ја даде преписката меѓу (екс)претседателот на Уставниот суд Сали Мурати и претседателот на Собранието Талат Џафери. Второ, од 21 точка на дневниот ред, за 7 немаше материјали. Ние материјали баравме, не блокиравме, поради тоа баравме процедурално и не добивме трет пат. Само два круга добивме за процедурални приговори. Тој на крајот го донесе дневниот ред, неделовнички”, вели Ласовска, која според снимката од седницата, покрај сопартиецот Игор Јанушев, е најгласната кон претседателот Костадинов.

    Тој ги обвини колегите од ВМРО-ДПМНЕ за насилство и блокада на вчерашната седница на комисијата која ја води, одбивајќи од срам, како што рече, да каже какви зборови му упатиле.

    „Прво, им објаснив на колегите дека биографии на кандидатите за уставни судии не постојат, бидејќи тие не конкурираат на оглас, треба првин тука на комисија да ги утврдиме. Во ред, за тоа се согласија. Потоа бараа материјали, преписка меѓу претседателите Мурати и Џафери. Јас на 17-ти ја добив, на 23 мај им беше поделена на сите пратеници од страна на собраниските служби. Трето, дел од точките беа за утврдување на кандидати за членови на комисии за доделување државни награди. Им објаснив дека и нив, како и кандидатите за уставни судии, треба првин да ги предложиме на нашата седница. Потоа ќе следува пауза на која ги читаме нивните биографии. Останатите точки беа за кандидати за кои имало оглас и нивните биографии ги има на е-собрание”, вели Костадинов.

    Тој на Фејсбук пушти инсерт од вчерашните три тензични часа од Комисијата за избори и именувања.

    „Блокадите, бојкотот на ВМРО-ДПМНЕ да се види пред јавноста и да биде извадена пред судот на јавноста. Одземање на микрофон, вербални закани, напади кон службите и кон пратениците кажано со еден збор е – насилство!”, напиша Костадинов.

    И покрај обидите за блокирање, вели тој, дневниот ред е донесен. Прва точка е утврдување предлози за тројца уставни судии.

    Уставниот суд од 9, оставен е да работи со само 6 судии.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира