ГРАД СКОПЈЕ ДОБИ 2 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ВЛАДАТА ЗА КЛУЧКА КАЈ СЛОВЕНЕЧКА И ПРОШИРУВАЊЕ ВО БУЛЕВАР НА УЛИЦАТА ДО ОБИКОЛНИЦА

    ГРАД СКОПЈЕ ДОБИ 2 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ВЛАДАТА ЗА КЛУЧКА КАЈ СЛОВЕНЕЧКА И ПРОШИРУВАЊЕ ВО БУЛЕВАР НА УЛИЦАТА ДО ОБИКОЛНИЦАПроектот предвидува проширување во булевар на улицата Хасан Приштина до Обиколницата, а наместо семафор на крстосницата со Словенечка да има клучка. (Фото: СДК.МК)

    Град Скопје доби два милиони евра со ребалансот на државниот буџет за реализација на проектот клучка на булевар Словенија. Станува збор за третата фаза од сообраќајното решение за овој дел од градот која предвидува проширување во булевар на улицата Хасан Приштина до Обиколницата, а наместо семафор на крстосницата со Словенечка да има клучка. Со тоа без семафори и со современо сообраќајно решение би бил потегот од булеварот Никола Карев до Обиколница.

    „Ние пред два месеци ја почнавме постапката за изградба на клучката кај Момин поток. Со овие два милиони евра од Владата ја продолжуваме третата фаза од проектот. Со тоа овој дел од градот ќе добие нови сообраќајни стандарди, брз и безбеден сообраќај. Вкупната вредност на проектот кој треба да овозможи поврзување со Обиколница е 11 милиони евра“, вели градоначалникот Петре Шилегов.

    Проектот за ова сообраќајно решение е готов, а откако ќе се усвои ребалансот на буџетот во Собранието и парите се префрлат на сметката на Градот, ќе се распише тендер за изведувач.

    Шилегов вели дека до крајот на месецов треба да биде избрана фирма која ќе ги гради кружниот тек кај „Хубо маркет“ и клучката кај Момин поток, со што летово би стартувале градежните работи. Оваа сообраќајница е една од клучните градски сообраќајници бидејќи дневно поминуваат 25.000 возила и метежот е голем. Со цел да се намали сообраќајниот метеж на овој потег, се предвидува изградба на 2 кружни тека, првиот треба да ја замени крстосницата кај булеварот 8.Септември и улицата Скупи и вториот кој треба да ја замени крстосницата на булеварот Никола Карев и патот кон Визбегово, обиколницата и косовската граница. Од вториот кружен тек улицата продолжува до крстосницата со булевар Словенија каде што се поврзува со булеварот Словенија и со булеварот Босна и Херцеговина. Вредноста на проектот е 18 милиони евра.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира