ПАНДЕВ ИСПРАТЕН СО ОВАЦИИ, МАКЕДОНИЈА СЕ ПРОСТИ ОД ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО СО ПОРАЗ ОД ХОЛАНДИЈА

    ПАНДЕВ ИСПРАТЕН СО ОВАЦИИ, МАКЕДОНИЈА СЕ ПРОСТИ ОД ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО СО ПОРАЗ ОД ХОЛАНДИЈАМечот за момент запре во 68. минута кога Пандев го напушташе теренот (Фото: Твитер)

    Македонија со три порази во Ц групата го заврши историскиот прв настап на европските првенства. Тоа беше заокружено на арената „Јохан Кројф“ во Амстердам, каде што најдобрите македонски фудбалери во смела и отворена игра изгубија од Холандија со 3:0, при што им беа поништени два гола и еднаш погодија статива.

    Овој натпревар истовремено означи крај на една ера во македонскиот фудбал, откако капитенот Горан Пандев за последен пат го носеше националниот дрес, а вкупно 122. пат од дебито во јуни 2001 година. Домаќините му укажаа голема чест на Пандев, па пред почетокот на средбата му подарија портокалов дрес со број 122, а во 68. минута го испратија од теренот со аплауз и овации.

    Мемфис Депај учествуваше во постигнувањето на сите три гола на Холандија: самиот ја затресе мрежата на Димитриевски во 24. минута, а потоа му асистираше на двојниот стрелец Вајналдум во 51. и 58. минута.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира