УЛИЦАТА НИКОЛА КАРЕВ КАЈ КАСАРНА ИЛИНДЕН СТАНА БУЛЕВАР, СО КЛУЧКАТА КАЈ МОМИН ПОТОК ЌЕ СЕ РЕШИ ТЕСНОТО ГРЛО, РЕЧЕ ШИЛЕГОВ

    УЛИЦАТА НИКОЛА КАРЕВ КАЈ КАСАРНА ИЛИНДЕН СТАНА БУЛЕВАР, СО КЛУЧКАТА КАЈ МОМИН ПОТОК ЌЕ СЕ РЕШИ ТЕСНОТО ГРЛО, РЕЧЕ ШИЛЕГОВНа потегот кај ридот изграден е потпорен ѕид во должина од 690 метри, поставена е нова атмосферска канализација и лед осветлување.(Фото: Град Скопје)

    Град Скопје заврши со проширувањето во булевар на улицата Никола Карев на потегот од крстосницата кај касарната Илинден до Момин поток. Булеварот сега е со четири коловозни ленти, по две во двата правци, велосипедска и пешачка патека. На потегот кај ридот изграден е потпорен ѕид во должина од 690 метри, поставена е нова атмосферска канализација и лед осветлување од двете страни.

    „Оваа делница со децении стоеше како проблем во Скопје и сега за седум месеци успеавме да изградиме нов булевар и изведовме велосипедски и пешачки патеки, ќе биде засадено висококвалитетно зеленило со што овој потег ќе добие сосема нов лик. Станува збор за исклучително фреквентна сообраќајница која е најмногу искористена од жителите на Карпош, Центар, Чаир, Шуто Оризари, Бутел и Гази Баба, но како транзитна сообраќајница користена е и од оние што само минуваат низ овој дел на градот. Оваа сообраќајница ќе се надоврзе и на новата клучка кај Момин Поток чија изведба ќе започне наредната недела, а со нејзиното завршување очекуваме значително да се намали сообраќајниот метеж во овој дел од градот “, кажа градоначалникот Петре Шилегов.

    Изградбата на булеварот Никола Карев чинеше 2,6 милиони евра.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира