ЦЕЛОСНО ВАКЦИНИРАНИТЕ ЛИЦА КОИ ДОАЃААТ ОД ФРАНЦИЈА ВО АНГЛИЈА ЌЕ ОДАТ ВО 10-ДНЕВЕН КАРАНТИН

    ЦЕЛОСНО ВАКЦИНИРАНИТЕ ЛИЦА КОИ ДОАЃААТ ОД ФРАНЦИЈА ВО АНГЛИЈА ЌЕ ОДАТ ВО 10-ДНЕВЕН КАРАНТИНБританија ја носи одлуката поради брзото ширење на јужноафриканскиот сој на ковид-19 во Франција. (Фото: Гети)

    Од понеделник, 19 јули, сите патници кои се целосно вакцинирани против ковид-19 кои доаѓаат во Англија и Велс од Франција, ќе мора да седат во карантин 10 дена.

    Владата пред неколку дена ја измени листата на места за кои не е потребен карантин при враќањето во Англија, како на пример Ибица и Мајорка. Одлуката не важи за Франција, поради брзото ширење на бета сојот на ковид-19, познат како јужноафрикански сој.

    Околу 3.4 отсто од новозаболените во Франција регистрирани во последните 4 недели имаат бета сој.

    Позаразниот делта, или индиски сој, пак е регистриран кај речиси сите новозаболени во Британија.

    „Постојано потенцираме дека нема да се двоумиме да преземеме брзи акции на нашите граници со цел да го спречиме ширењето на ковид-19 и да ги заштитиме придобивкките од нашата успешна имунизација“, изјави министерот за здравство Саџид Џавид.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира