НА СВАДБИТЕ ВО ТЕТОВО НЕ СЕ ПОЧИТУВААТ КОВИД ПРОТОКОЛИТЕ, ЗАТОА ИМА ЗГОЛЕМЕН БРОЈ БОЛНИ, ВЕЛИ КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ

    НА СВАДБИТЕ ВО ТЕТОВО НЕ СЕ ПОЧИТУВААТ КОВИД ПРОТОКОЛИТЕ, ЗАТОА ИМА ЗГОЛЕМЕН БРОЈ БОЛНИ, ВЕЛИ КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИЗголемувањето на бројот на позитивни има само во Скопје и Тетово и според Комисијата не е потребно воведување нови мерки. (Фото: СДК.МК)

    Зголемениот број нови случаи на ковид-19 во Тетово е поради свадби на кои не се почитуваат протоколите, велат од Комисијата за заразни болести. На денешниот состанок на Комисијата била разгледувана епидемиолошката слика во земјава, при што било заклучено дека зголемувањето на бројот на позитивни случаи има само во Скопје и Тетово и дека не е потребно воведување на нови мерки.

    „Лесно зголемување на позитивни од тестирани за ковид-19 има во Скопје и Тетово. Според анализите во Тетово ширењето на вирусот е поради непочитување на препораките и протоколите при организирање семејни веселби и друг тип веселби во затворен простор. И покрај бројот на активни случаи и позитивни од тестирани за ковид-19, состојбата е стабилна, а во болниците нема притисок од хоспитализации. Комисијата за заразни болести во моментов останува на досега прпорачаните мерки, кои би се заостриле во моментот кога ќе се укаже таква потреба“, информираа од Министерството за здравство.

    Во земјава според вчерашниот извештај на Институтот за јавно здравје активни се 246 случаи, од кои 88 во Скопје и 78 во Тетово.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира