Авто делови, раткапни, кожа од животни, чкембиња се фрлаат во канализационата мрежа низ Скопје. Екипите на ЈП „Водовод и канализација“ изминатиов период секојдневно интервенираат низ градот бидејќи шахтите се затнати со најразличен цврст отпад.
„Се јавуваат граѓани се жалат дека канализацијата се затнала, а кого ќе излеземе на терен наоѓаме сè и сешто фрлено од истите тие лица. Денеска интервениравме во Драчево, потоа во населба Кисела Вода каде шахтите беа затнати со резервни делови и старо железо. Во Шуто Оризари извадивме црева и кожа од животни, чкембиња. Апелираме до граѓаните совесно и одговорно да се користи системот за отпадни води и потсетуваме дека тој не е место за одлагање на отпадот“, велат од ЈП „Водовод и канализација“.
Од таму велат дека стандардо во канализацијата наоѓаат и облека, ќебиња, пелени.
А. АНТЕВСКА