СО ДУИ, БЕСА И ДПА ИМАМЕ КОАЛИЦИЈА ЗА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ, ВО ПРВ КРУГ СЕКОЈ СО СВОЈ КАНДИДАТ, ВО ВТОРИОТ ЌЕ СЕ ПОДДРЖИМЕ, РЕЧЕ ЗАЕВ

    СО ДУИ, БЕСА И ДПА ИМАМЕ КОАЛИЦИЈА ЗА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ, ВО ПРВ КРУГ СЕКОЈ СО СВОЈ КАНДИДАТ, ВО ВТОРИОТ ЌЕ СЕ ПОДДРЖИМЕ, РЕЧЕ ЗАЕВПремиерот Зоран Заев денес во Битола беше на обиколка на реконструираниот Римски пат до Хераклеа. (Фото: СДК.МК)

    СДСМ има коалиција и со ДУИ, ДПА и Беса и заедно ќе настапат на престојните локалните избори, рече премиерот Зоран Заев денес во Битола.

    „Деталите не можеме да ги кажеме уште оти не го знаеме имињата на кандидатите, но ги знаеме принципите на коалицирање, солидарноста. Онаму каде што имаат сите партии од коалиционите партнери кандидати логично е да трчаат сите во првиот круг, ќе кажат граѓаните кој чини, а кој не, а потоа ќе се поддржиме и коалиционо“, рече Заев одговарајќи на новинарско прашање што ќе значи за СДСМ најавата дека ДУИ и Беса ќе коалицираат на изборите.

    Тој за пример го посочи Тетово, како Општина каде веројатно ќе има и најмногу кандидати за градоначалник, и од ДУИ, Беса, ДПА и, како што рече, веројатно од СДСМ.

    „Се знае, првиот круг одат сите, а потоа се поддржуваме“, додаде Заев.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира