ЗАЕВ И ШИЛЕГОВ ГИ ПРОШЕТАА ВУЧИЌ И РАМА НИЗ ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ

    ЗАЕВ И ШИЛЕГОВ ГИ ПРОШЕТАА ВУЧИЌ И РАМА НИЗ ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕПо прошетката, домаќините ги почестија гостите со печена пченка од уличните продавачи на плоштадот.(Фото: К.Попов)

    Премиерот Зоран Заев со скопскиот градоначалник Петре Шилегов попладнево ги прошетаа низ центарот на Скопје српскиот претседател Александар Вучиќ и албанскиот премиер Еди Рама, кои утре ќе бидат гости на Економски форум за регионална соработка.

    Заев и Шилегов ги прошетаа Вучиќ и Рама по реновираниот Кеј 13 Ноември, низ Плоштадот Македонија и спомениците од проектот „Скопје 2014“, а потоа седнаа во едно од кафулињата. На заминување, домаќините ги почестија гостите со печена пченка од уличните продавачи на плоштадот.

    На утрешниот Економски форум ќе бидат присутни претставници на повеќе од 300 компании од Албанија, Србија и Северна Македонија, од повеќе други земји од регионот, како и претставници од меѓународните институции.

    На настанот ќе биде објавено и новото име на регионалната иницијатива која досега беше неформално нарекувана како „Мал шенген“.

    А. АНТЕВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира