ПОЖАРОТ ВО ПЕХЧЕВО УШТЕ НЕ Е ПОД КОНТРОЛА, МОЖНО Е ДА СЕ ПРОШИРИ ВО БУГАРИЈА, ВЕЛАТ ОД ЦУК

    ПОЖАРОТ ВО ПЕХЧЕВО УШТЕ НЕ Е ПОД КОНТРОЛА, МОЖНО Е ДА СЕ ПРОШИРИ ВО БУГАРИЈА, ВЕЛАТ ОД ЦУКВо Пехчево се дејстува и со хеликоптерите на Армијата и од Србија. (Фото: Фејсбук)

    Го гаснат пожарот, одат екипите дваесет метри напред, се вртат назад и гледаат повторно гори, вели Горан Стојковски од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Тој на попладневната прес-конференција од ЦУК кажаа дека состојбата на терен уште е алармантна, дел од пожарите се ставени под контрола, но постојано се јавуваат нови. Најкритично и понатаму е во Пехчевскиот и Делчевскиот Регион, а постои опасност пожарот да се пришири кон Бугарија.

    „Во моментов, се дејствува со голема жива сила и со хеликоптерите на Армијата и на Србија, но времето е исклучително тешко, условите се тешки, јачината на ветерот е 60 километри на час и сето тоа отежнува, не дозволува да се интервенира и да се изгаси пожарот. Состојбата во Пехчево уште не е под контрола и можно е пожарот да избега во правец на Бугарија, правиме напори за вклучување дополнителни хеликоптери за да оневозможиме да пројде кон Бугарија. Се прават пресеци со градежни машини, се ораат нивите односно необработливи површини се сечат дрвја со цел да се спречи понатамошно интензивно ширење“, кажа Стојановски.

    Попладнево избувна пожар во село Ласкарци, кој се гледа од автопатот Скопје-Тетово и таму многу тешко оди гасењето оти се наоѓа на непристапен терен, а ветерот постојано го менува правецот и го разгорува.

    Посериозни се пожарите и во Свети Николе, Радовиш и Прилеп.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира