„МЕРК“ ПОБАРА КАНАДСКА ДОЗВОЛА ЗА ЛЕКОТ ПРОТИВ КОВИД-19 ЗА ПОЗИТИВНИ КОИ НЕ СЕ ЗА В БОЛНИЦА

    „МЕРК“ ПОБАРА КАНАДСКА ДОЗВОЛА ЗА ЛЕКОТ ПРОТИВ КОВИД-19 ЗА ПОЗИТИВНИ КОИ НЕ СЕ ЗА В БОЛНИЦА„Молнупиравир“ е лек кој го развиваат „Мерк“ и „Риџбек биотерапеутикс“ за лекување на пациенти со ковид-19 кои не се за хоспитализација. (Фото: „Мерк“)

    Американскиот производител на лекови „Мерк“ покрена постапка до Агенцијата за лекови на Канада за дозвола за користење на „молнупиравир“, орална антивирусна терапија против ковид-19. „Молнупиравир“ е лек кој го развиваат „Мерк“ и „Риџбек биотерапеутикс“ за лекување пациенти со ковид-19 кои не се за хоспитализација.

    Резултатите од втората фаза од клиничките испитувања беа презентирани на Европскиот конгрес за клиничка микробиологија и заразни болести во јули.

    Во тек е фаза 3 од испитувањето, т. е. проценка на користењето на лекот двапати дневно кај возрасни кои не се хоспитализирани, а се ковид позитивни, пет дена по појавата на симптомите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира