БОЛНИЦИТЕ ВО САД ПРЕПОЛНИ СО ДЕЦА БОЛНИ ОД КОВИД-19, ЗА ЕДЕН ДЕН ПРИМЕНИ РЕКОРДНИ 1.902

    БОЛНИЦИТЕ ВО САД ПРЕПОЛНИ СО ДЕЦА БОЛНИ ОД КОВИД-19, ЗА ЕДЕН ДЕН ПРИМЕНИ РЕКОРДНИ 1.902Децата во моментов сочинуваат 2.4 отсто од болничките приеми со ковид-19. (Фото: Гети)

    Илјада деветстотини и две деца позитивни на ковид-19 вчера беа примени во болниците во САД, регистрирајќи ја највисоката дневна бројка на хоспитализации на деца. Болниците на југот од земјата се исполнија до максисмум, поради новиот бран на позаразниот делта сој на ковид-19. Делта сојот во САД брзо се шири најмногу меѓу невакцинираното население, покажуваат податоците на американското Министерство за здравство.

    Децата во моментов сочинуваат 2.4 отсто од болничките приеми со ковид-19. Децата под 12 години не влегуваат во групите за вакцинација, и со тоа тие се поподложни на зараза.

    „Ова не е последна година со ковид-19. Оваа е полоша и нашите деца ќе бидат најмногу погодени“, изјави Сали Гоза, поранешна претседателка на Американското здружение на педијатри.

    Според американските центри за контрола и заштита од болести, висока е бројката и на хоспитализации на пациенти од возрасните групи 18-29, 30-39 и 49-49 години. Високата бројка на хоспитилизации ги разгоре тензиите меѓу демократите и републиканците за тоа дали децата треба да носат маски во училиштата во новата учебна година.

    Најголемиот синдикат на наставници во САД, Националната асоцијација за образование ги повика членовите задолжително да се вакцинираат.

    „Нашите ученици под 12 години не можат да примат вакцина. Наша одговорност е да ги заштитме. Тоа значи дека секој што може да се вакцинира, треба да се вакцинира“, изјави претседателката на Асоцијацијата Беки Прингл.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира