Летово, вработените од ЈКП „Дервен“ исчистиле повеќе депонии со отпад кои ги создадоа граѓаните на Велес со одлагање на сметот на места каде не е дозволено. За овие депонии имаше реакции, по што овие два месеца почна расчистувањето.
„Исчистен е сметот во близина на депонијата за олово-цинковна руда и депонијата кон селото Раштани. При ова, собрани се 1.337 кубни метри отпад. Истовремено, вработените од претпријатието чистеа и повеќе депонии со смет во градот, при што се собрани 102 кубни метри отпад“, кажа градоначалникот Аце Коцевски.
Приодите на градот се мета на несовесни граѓани, кои на отворено го фрлаат отпадот на места каде не е дозволено. За илустрација, летово за два месеца од овие локации собрани се повеќе количини отколку за цела мината година. Лани со чистење на дивите депонии во околината на градот беше собран 1.251 кубни метри отпад, а само летово оваа годинава 1.337 кубни метри.
За подобрување на хигиената во градот, поставени се нови подземни контејнери.
П. ПЕЧКОВ