ВЛАДАТА ЌЕ ДОДЕЛИ ПРИЗНАНИЈА НА СИТЕ ПРАТЕНИЦИ ОД ПРВИОТ СОБРАНИСКИ СОСТАВ

    ВЛАДАТА ЌЕ ДОДЕЛИ ПРИЗНАНИЈА НА СИТЕ ПРАТЕНИЦИ ОД ПРВИОТ СОБРАНИСКИ СОСТАВЦентралната прослава за одбележување на 8 Септември и 30-годишниот јубилеј од независноста на државата ќе се одржи во пред Собранието-Архивска фотографија од прославата на Плоштадот Македонија по прогласувањето на независноста.

    Пратениците од првиот собраниски состав ќе добијат признанија од Владата. Ова го најави премиерот Зоран Заев на денешната свечена седница за одбележување на 8 Септември, Денот на независноста и јубилејот 30 години независност.

    „Покренувам иницијатива за доделување признанија на сите 120 пратеници од првиот собраниски состав за нивниот особен придонес во поставувањето на општествените и институционалните темели во изградбата на Република Македонија. На оние кои не се меѓу нас признанијата ќе им бидат дадени постхумно“, рече Заев на свечената владина седница.

    Централната прослава за одбележување на 8 Септември и 30-годишниот јубилеј од независноста на државата ќе се одржи во пред Собранието, а од Владата рекоа дека деталите од програмата ќе ги соопштат до крајот на неделава.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира