ИЛЈАДНИЦИ НЕВАКЦИНИРАНИ МЕДИЦИНСКИ ЛИЦА ВО ГРЦИЈА ОД ДЕНЕСКА СЕ ИСПРАЌААТ НА НЕПЛАТЕНО ОТСУСТВО

    ИЛЈАДНИЦИ НЕВАКЦИНИРАНИ МЕДИЦИНСКИ ЛИЦА ВО ГРЦИЈА ОД ДЕНЕСКА СЕ ИСПРАЌААТ НА НЕПЛАТЕНО ОТСУСТВОНајвисокиот управен суд во Грција вчера го одби барањето за поништување на владината одлука (Фото: АП)

    Во Грција денеска почна суспендирањето на илјадници вработени во здравствениот сектор кои не се вакцинирале против ковид-19 до крајниот рок поставен од владата. Според првичните информации, до вчера попладне, известување за суспензија било издадено за 5.895 невакцинирани здравствени работници.

    Оние до кои веќе било испратено известување за суспензија не можеле денеска да дојдат на своето работно место и биле исклучени од работниот распоред.

    Министерството за здравство проценува дека одлуката за неплатено отсуство ќе погоди околу 10.000 вработени во државните болници, медицински центри и други тела од здравствениот сектор. Нивната точна бројка засега не е позната зашто многу луѓе побрзале да се вакцинираат вчера.

    „Болничките одделенија вчера нормално функционираа, без нерешливи проблеми. Протестите што се одржаа во болниците низ земјата беа мирни“, изјави претставник на Министерството за здравство.

    Највисокиот управен суд во Грција вчера го одби барањето за поништување на владината одлука, поднесено од група здравствени работници

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира