ПОПИСОТ УСПЕШНО СТАРТУВАШЕ, НО ИМАМЕ ПРОБЛЕМИ СО ИНТЕРНЕТОТ, ВЕЛИ ДИРЕКТОРОТ НА ДЗС СИМОВСКИ

    ПОПИСОТ УСПЕШНО СТАРТУВАШЕ, НО ИМАМЕ ПРОБЛЕМИ СО ИНТЕРНЕТОТ, ВЕЛИ ДИРЕКТОРОТ НА ДЗС СИМОВСКИСимовски вели недостасуваат околу 500 попишувачи (Фото: СДК.МК)

    Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски е задоволен како почна пописот, иако денеска се соочиле со проблеми со интернетот на ниво на државата. Очекуваат проблемите да се решат во текот на денот.

    „Имавме исклучително успешен прв ден. Попишани се околу 92.000 лица, што е одлична бројка. За денеска не очекуваме така интензивен ден, бидејќи е работен. Имавме и сѐ уште имаме проблем со интернет конекцијата. Не е проблем со апликацијата, туку со целата интернет мрежа во државата. Од Македонски телеком интензивно работат на отстранувањето на овој дефект и очекувам наскоро да немаме проблем во работата“, изјави Симовски при денешната посета на пописната комисија од Тетово.

    Тој посочи дека моментално недостасуваат околу 500 попишувачи, но во тек е обука за лица од администрацијата, па наскоро се очекува и тие да бидат вклучени во спроведувањето на пописот.

    Според Симовски, досега не било забележано некој од лицата што треба да се попишат да побара посебни протоколи и имало многу малку инцидентни случаи.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира