84 ОТСТО ОД ХОСПИТАЛИЗИРАНИТЕ ИЗМИНАТИВЕ ПЕТ НЕДЕЛИ НЕ СЕ ВАКЦИНИРАНИ ПРОТИВ КОВИД-19

    84 ОТСТО ОД ХОСПИТАЛИЗИРАНИТЕ ИЗМИНАТИВЕ ПЕТ НЕДЕЛИ НЕ СЕ ВАКЦИНИРАНИ ПРОТИВ КОВИД-19Во државата вкупно се аплицирани 1.358.067 дози вакцини, а ревакцинирани се 603.795 граѓани. (Фото: К. Попов)

    Од 6 август до 9 септември од ковид-19 во земјава починале 678 лица, при што 591 (87%) од починатите не биле вакцинирани, а 87 починат (12%) примиле вакцина против коронавирус, стои во неделната анализа на Министерството за здравство. За вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина.

    Според анализите, починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања.

    Во период од 6 август до 9 септември, во земјава се регистрирани 26.053 ковид позитивни граѓани. Од нив 19% биле целосно вакцинирани, односно 5.175 лица.

    Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со ковид-19, потенцира Министерството. Според статистиката за изминативе пет недели, 20.878 граѓани, односно дури 80% од позитивните на ковид 19-не биле вакцинирани.

    Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 84%, додека 16% од сите моментално хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани.

    Заразените и починатите се вакцинирани со вакцини што ги има на располагање кај нас, како и вакцини „Модерна“ и „Џонсон и Џонсон“, кои некои од пациентите ги примиле во странство.

    На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 754.271 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 1.959 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 16.737 граѓани.

    Во државата вкупно се аплицирани 1.358.067 дози вакцини, а ревакцинирани се 603.795 граѓани.

    Со последните бројки 54% од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина и 30% од населението над 18-39 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.


      ГЛАСНО - во САКАМДАКАЖАМ.МК пријавете проблеми во здравствениот систем


      Почитувани читатели, ни треба вашата помош за заедно да ги откриеме, истражиме и придонесеме за решение на какви било проблеми што го отежнуваат или оневозможуваат пристапот до квалитетна услуга во јавното здравство. Пишете ни за вашите проблеми со здравствените институции низ целата земја. Ви благодариме на довербата.

      Симнете ја мобилната апликација

      ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира