НЕ ГУБЕТЕ ВЕРБА, НИЕ ВЕ САКАМЕ, РЕЧЕ ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ФОН ДЕР ЛАЈЕН

    НЕ ГУБЕТЕ ВЕРБА, НИЕ ВЕ САКАМЕ, РЕЧЕ ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ФОН ДЕР ЛАЈЕНУрсула фон дер Лајен на прес-конференцијата со премиерот Заев кажа дека земјава постигнала извонреден напредок и донела храбри одлуки.(Фото: Ѓ.Личовски)

    Иднината на Северна Македонија е во Европската Унија и ве сакаме покрај нас, кажа претседателката на Европската комисија (ЕК) Урсула фон дер Лајен која денес е во посета на Скопје.

    На заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев во Младинскиот културен центар ((МКЦ) Урсула фон дер Лајен кажа дека земјава постигнала извонреден напредок и донела храбри одлуки.

    „Сакам да бидам јасна дека сега Европската Унија треба да испорача. Изодевте толкав пат, ајде сега да направите уште еден чекор понапред. Имате толку многу пријатели во ЕК, наша заедничка цел е до крајот на годинава да се одржи првата заедничка меѓувладина конференција. Има добри идеи за кои вреди да се размисли“, рече претседателката на ЕК фон дер Лајен.

    Таа се осврна и на финансиската помош и вакцините што земјава ги доби за справување со ковид кризата и повика на масовна вакцинација на населението.

    „Знам дека испораката на вакцините беше бавен процес, но еве вакцини стигна, а во наредниот период ќе има нови количини“, рече фон дер Лајен.

    Премиерот Зоран Заев кажа дека земјава дома сериозно ги исполнила европските вредности, а ЕУ мора да изнајде начин како да ги одржи зборот и да го продолжи проширување со земјите од Западен Балкан. Заев кажа дека од Бугарија стигнувале позитивни сигнали за решавање на спортот, а со тоа и откочување на процесот.

    А. АНТЕВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира