АКО НЕ БЕВМЕ ДЕЛ ОД АНТИФАШИСТИЧКАТА КОАЛИЦИЈА, ЌЕ НЕМАВМЕ СВОЈА ДРЖАВА, РЕЧЕ ПЕНДАРОВСКИ НА ПРОСЛАВАТА 80 ГОДИНИ ОД ДЕНОТ НА НАРОДНОТО ВОСТАНИЕ ПРОТИВ ФАШИЗМОТ

    АКО НЕ БЕВМЕ ДЕЛ ОД АНТИФАШИСТИЧКАТА КОАЛИЦИЈА, ЌЕ НЕМАВМЕ СВОЈА ДРЖАВА, РЕЧЕ ПЕНДАРОВСКИ НА ПРОСЛАВАТА 80 ГОДИНИ ОД ДЕНОТ НА НАРОДНОТО ВОСТАНИЕ ПРОТИВ ФАШИЗМОТ„Над 1.100 споменици на антифашистичката борба низ цела земја, се најсилен доказ против секој вид историски ревизионизам“, рече Пендаровски на Могилата на непобедените во Прилеп. (Фото: Претседател на РСМ)

    „Можеме да бидеме сигурни дека ако не бевме дел од антифашистичката коалиција, денес немаше да имаме своја држава. Само како дел од неа, можевме да дојдеме до своја и сопствена држава“, кажа претседателот Стево Пендаровски на Могилата на непобедените во Прилеп, на одбележувањето на 80-годинината од 11 Октомври – Денот на народното востание, почетокот на Народно-ослободителната војна и заокружувањето на раѓањето на македонската држава.

    „На 11 октомври 1941, борците на партизанскиот одред ‘Гоце Делчев’ го означија почетокот на народното востание, како тогаш последна етапа на историскиот континуитет на борбата за слободна македонска држава. Неоспорен историски факт е дека востанието во своите редови ги имаше сите идеолошки струи на македонското ослободително движење – антифашисти, демократи и комунисти, а во одредите пристапија и комунисти и демократи, напредни студенци и шпански борци без ралика на националност или религија. Македонскиот народ уште на самиот почеток се приклучи кон антихитлеровската коалција кога цела Европа беше покорена а окупаторите изгледаа непобедиви. За надидеолошкиот карактер на борбата, зборува и фактот дека партизаните на слободните територии не инсталирале комунистички режим, туку создале нови органи на народната власт, како никулци на идната слободна македонска држава“, рече Пендаровски и додаде:

    „Над 1.100 споменици на антифашистичката борба низ цела земја, се најсилен доказ против секој вид историски ревизионизам“.

    Темелите на оваа држава се илинденски и антифашистички и во моментот кога тоа ќе се заборави ќе почневеме да го уриваме „единственото место на светот кое е нашиот дом“, рече Пендаровски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира