МАРИ ГО СИМНА ЃОКОВИЌ ОД ВРВОТ НА АТП ЛИСТАТА ПО 122 НЕДЕЛИ

a:1:{s:9:"td_source";s:37:"Париз,(разниизвори)

    МАРИ ГО СИМНА ЃОКОВИЌ ОД ВРВОТ НА АТП ЛИСТАТА ПО 122 НЕДЕЛИ

    Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ од задутре веќе нема да биде лидер на АТП листата бидејќи Енди Мари се пласираше во финалето на парискиот мастерс откако Милош Раониќ без борба му го предаде полуфиналниот дуел.
    Мари, кој има освоено три гренд слем титули, два олимписки златни медали и ѝ донесе победа на Велика Британија во Дејвис купот во 2015 година, официјално ќе биде прогласен за број еден во светот откако ќе бидат објавена ранг-листата во понеделник.
    Ѓоковиќ беше број еден 122 недели и ја заокружи својата Гренд слем кариера со победа над Мареј во финалето на Ролан Гарос во јуни, што беше негов 12. триумф на гренд слем турнирите
    Ѓоковиќ победи и на годинашниот Австралија опен, кога Мареј изјави: „Каква година имаше Новак, минус последните шест недели, тоа е неверојатно. Година во која јас одвај успевав да се одржам и беше неверојатно тешко. Морав да работам исклучително напорно.“
    Роже Федерер (17) и Рафаел Надал (14) заедно имаат освоено 31 гренд слем титула, од кои голем дел се совпаднаа со искачувањето на Мареј на ранг-листата.
    Тој ќе игра против Џон Изнер во недела во финалето во Париз откако Раониќ се повлече поради повреда. Изнер го победи Марин Чилиќ со 6-4, 6-3 во полуфиналето.
    Ѓоковиќ (29) ќе го задржеше првото место на ранг-листата ако стигнеше до финалето, но Чилиќ го победи вчера во полуфиналето.
    Србинот ја докажа неговата доминација во изминативе години со освојувањето на три последователни титули на мастерсот во Париз и со четирите победи во финалињата во Лондон.
    Иако 12-кратниот гренд слем победник нема да ја додаде победата во Париз во неговото портфолио, тој сепак ќе има уште една шанса да покаже дека е далеку од опаѓање во арената О2 во Лондон следната недела.
    „Во еден момент морав да стигнам до оваа фаза каде, знаете, морав да погледнам наназад и да речам ок, играв на највисоко можно ниво толку долго време. Опаѓањето на формата е нормална појава во спортот. Не сум премногу загрижен што ме чека во иднина. Не може секогаш да очекуваш да победуваш. Во однос на тоа што ме чека во иднина, тоа не е во мои раце. Секако дека ќе продолжам да играм на ова ниво сѐ додека сметам дека тоа е добро за мене“, кажа Ѓоковиќ по поразот од Чилиќ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира