Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски прогласи победа во 14 општини уште во првиот круг од локалните избори.
Мицкоски им честиташе на кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и ги поздрави како идни градоначалници во следниве општини: Кисела Вода, Бутел, Гази Баба, Прилеп, Кавадарци, Виница, потоа на Зрновци, Петровец, Илинден, Карбинци, Свети Николе, Штип, Босилово, Неготино, натаму на Могила, Новаци и Јегуновце.
Кажа дека пред победа се во Аеродром, Охрид и Битола. Мицкоски Куманово не го спомна за трка во вториот круг.
За резултатите за Град Скопје, Мицкоски не спомна ништо, каде ВМРО-ДПМНЕ ја поддржа Данела Арсовска, која се кандидира како независен кандидат.
С. К. ДЕЛЕВСКА