НЕ СЕ ВАКЦИНИРАНИ 76 ОТСТО ОД КОВИД БОЛНИТЕ В БОЛНИЦА, ВО ЗЕМЈАВА ДОСЕГА 663 ЛИЦА СЕ ЗАРАЗИЛЕ ПО ВТОРПАТ

    НЕ СЕ ВАКЦИНИРАНИ 76 ОТСТО ОД КОВИД БОЛНИТЕ В БОЛНИЦА, ВО ЗЕМЈАВА ДОСЕГА 663 ЛИЦА СЕ ЗАРАЗИЛЕ ПО ВТОРПАТДваесет и четири отсто од сите моментално хоспитализирани болни се целосно вакцинирани. (Фото: К. Попов)

    По компликации од ковид-19 од 6 август до 21 октомври во земјава починале 1.506 лица, од кои 1.246 лица, односно 83% од починатите, не биле вакцинирани, а 260, односно 17%, примиле вакцина, стои во извештајот на Министерството за здравство. Од почетокот на коронакризата во земјава од ковид-19 починаа 7.012 лица.

    За вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина.

    Според анализите, починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас.

    Во период од од 6 август до 21 октомври,  42.945 граѓани се тестирани позитивни, од кои 26% биле целосно вакцинирани, односно 11.253 лица. Според статистиката, 31.692, граѓани, односно 74% од позитивните на ковид-19 не биле вакцинирани.

    Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 76%, додека 24% од сите моментално хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани.

    Во последниот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) заклучно со 17 октомври вкупно се регистрирани 663 реинфекции (една втора реинфекција). Од пријавените случаи на реинфекција, 6 завршиле со смртен исход.

    Во тој извештај на ИЈЗ, регистрирани се 6.964 смртни случаи. Од регистрираните смртни случаи, најголем дел се на возраст над 60 години. Регистрирани се 4.185 (60,1%) смртни случаи кај лица од машки и 2.779 (39,9%) кај лица од женски пол. Кај 5.193 (85,7% од лицата за кои има податок) се регистрирани коморбидитети, најчесто кардиоваскуларна болест (4.231), дијабет (1.745) и белодробна болест (786). Регистрирани се 5 смртни случаи кај бремени жени и 29 смртни случаи кај здравствени работници.

    Заклучно со 20 октомври вкупно се вакцинирани 800.357 граѓани, ревакцинирани се 766.521 а трета доза примиле 2.365 граѓани. 54% од граѓаните над 40-годишна возраст се ревакцинирани, а 33% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.

    Според бројот на аплицирани вакцини, 38% од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35% од популацијата во државата примила две дози вакцина.

    Б. НЕСТОРОСКА


      ГЛАСНО - во САКАМДАКАЖАМ.МК пријавете проблеми во здравствениот систем


      Почитувани читатели, ни треба вашата помош за заедно да ги откриеме, истражиме и придонесеме за решение на какви било проблеми што го отежнуваат или оневозможуваат пристапот до квалитетна услуга во јавното здравство. Пишете ни за вашите проблеми со здравствените институции низ целата земја. Ви благодариме на довербата.

      Симнете ја мобилната апликација

      ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира