МЗТ ПОДНЕСЕ ЖАЛБА ЗА КАЗНИТЕ ЗА НАВОДНИ НАВРЕДИ НА ПЕРО АНТИЌ НА ФЕЈСБУК И ТВРДИ ДЕКА НЕМА ПРАВНА ОСНОВА ЗА НИВ

    МЗТ ПОДНЕСЕ ЖАЛБА ЗА КАЗНИТЕ ЗА НАВОДНИ НАВРЕДИ НА ПЕРО АНТИЌ НА ФЕЈСБУК И ТВРДИ ДЕКА НЕМА ПРАВНА ОСНОВА ЗА НИВМЗТ е казнет со 300.000 денари од Дисциплинскатата комисија на КФСМ (Фото: МЗТ)

    МЗТ Скопје поднесе жалба за казните што минатата недела ги добија клубот и директорот Тони Грнчаров по пријава од претседателот на Кошаркарската федерација на Северна Македонија, Перо Антиќ. Клубот мора да плати 300.000 денари, а Грнчаров доби двегодишна суспензија за навреда изречена на Фејсбук, иако, како што вели МЗТ, во објавата на личниот профил на Грнчаров никаде не е спомнат Антиќ.

    „На МЗТ и на Грнчаров им е ускратено правото да се запознаат со содржината на пријавата поднесена од Антиќ, како и правото да дознаат кој прекршок од Дисциплинскиот правилник на КФСМ им се става на товар“, се вели во жалбата до Арбитражната комисија.

    Како што велат од МЗТ, Дисциплинската комисија ги казнила зашто Антиќ бил навреден од објавена фотографија на која е заматен и зашто го употребиле зборот небитен.

    „Тоа е прекарот што самиот тој си го наметна низ годините“, велат од МЗТ.

    Од клубот додаваат дека Антиќ нема никаква правна основа за пријава зашто никаде не е цитиран со име и презиме и како овластено лице на Федерацијата.

    „Исто така, никаде индиректно не се алудира на него, не е демонстрирана намера кое било лице да биде омаловажено, ниту има омаловажувачки речник во текстот или на фотографијата и не се повредени неговите чест и углед“, стои во соопштението на МЗТ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира