ОШТЕТЕНА СО ПУРПЕНА КОЛАТА НА ПОРАНЕШНАТА ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА СОВЕТОТ НА ГРАД СКОПЈЕ ОД СДСМ ЉУБИЦА ЈАНЧЕВА

    ОШТЕТЕНА СО ПУРПЕНА КОЛАТА НА ПОРАНЕШНАТА ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА СОВЕТОТ НА ГРАД СКОПЈЕ ОД СДСМ ЉУБИЦА ЈАНЧЕВАЈанчева вели дека утрово со сопругот го нашле возилото цело испрскано и вели дека ова не е првпат колата да ѝ биде оштетена. (Фото: СДК.МК)

    Со пурпена е испрскана и оштетена колата на поранешната претседателка на Советот на Град Скопје од СДСМ Љубица Јанчева. Јанчева за САКАМДАКАЖАМ.МК вели дека утрово со сопругот го нашле возилото цело испрскано и вели дека ова не е првпат колата да ѝ биде оштетена.

    „Пред неколку месеци, додека бев на состанок во општинската организација на СДСМ Аеродром колата ми беше изгребана со клуч. Сега пред мојот дом во Аеродром, на осветлен паркинг кој се наоаѓа спроти полициската станица, некој се дрзнал да направи вакво дело и да сее страв. Шлеп служба ја однесе колата, а случајот е уредно пријавен во полиција која направи записник од лице место“, вели Јанчева.

    Јанчева се сомнева дека колата е оштетена од политички причини и го повика градоначалникот на Општина Аеродром Тимчо Муцунски да се грижи за безбедноста на сите граѓани.

    „Ваквиот чин е одраз на немоќ. Градоначалнику Тимчо Муцунски, безбедноста на граѓаните од другата опција е загрозена“, вели Јанчева.

    Јанчева е советничка од редовите на СДСМ и во овој советнички состав во Град Скопје.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира