ЗА ТРИ ДЕНА СЕДУМ ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19 НА ИНФЕКТИВНОТО ОДДЕЛЕНИЕ ВО ШТИП

    ЗА ТРИ ДЕНА СЕДУМ ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19 НА ИНФЕКТИВНОТО ОДДЕЛЕНИЕ ВО ШТИПШтипските инфектолози очекуваат смирување на црниот биланс и подобрување на клиничката слика на болните со ковид-19 (Фото: СДК.МК)

    Изминатите седум дена на инфективното одделение во Штип црниот биланс е во пораст, а само во последните три дена починале седум лица.

    Според портпаролот на Клиничката болница во Штип, Марина Шуманска денеска имало два смртни случаи, по еден пациент од Штип (79г) и од Кочани (78г).. Претходните пациенти кои починаа се на слична возраст, а биле донесени во тешка состојба, по еден од Пробиштип, Кочани и од Македонска Каменица.

    „Во текот на месец октомври хоспитализиравме пациенти од соседните градови кои беа донесени со тешка клиничка слика. Пациентите кои на време бараат помош поминуваат полесно и во овој период дневно оздравуваат најмалку по 4 пациенти кои се упатуваат на домашно лекување. Во дневната амбуланта на ден се вршат од 40-50 прегледи на пациенти со симптоми на ковид-19“, вели раководителот на одделението Дијана Шишкова Гајдарџиска.

    Директорот на Клиничката болница Ален Георгиев вели дека во работењето на инфективното одделение се вклучени доктори и медицински сестри и од другите одделенија на Клиничката болница.

    „Од педесетината хоспитализирани пациенти повеќе од 40 се на кислородна поддршка и дека нема никаков проблем со дотур на кислород.. Во реновираното инфективното одделение воведено е централизиран дотур на кислород при што дневно се трошат и до еден тон“ вели Георгиев.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира