ВКУПНО 10 ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19 И УШТЕ 442 ПОЗИТИВНИ ОД 2.939 ТЕСТОВИ

    ВКУПНО 10 ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19 И УШТЕ 442 ПОЗИТИВНИ ОД 2.939 ТЕСТОВИАктивни се 8.339 болни. (Фото: СДК.МК)

    Вкупно 10 починати од ковид-19 и 442 нови случаи од 2.939 тестирања се регисгрирани во последните 24 часа, соопшти Министерството за здравство.

    Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 5 починати лица: 2 починати лица од Скопје (57г, 78г) и по едно починато лице од Делчево (83г), Кочани (77г) и Крива Паланка (84г). Од пријавените сите лица се починати во болнички услови.

    Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, се пријавени 5 починати лица со датум на смрт од 11.11.2021 до 22.11.2021. Регистрирани се починати лица од Охрид (1), Делчево (1), Македонска Каменица (1), Тетово (1) и Кочани (1). Починатите лица се на возраст од 65-86г, од кои едно лице е починато во домашни услови, а 4 лица во болнички услови.

    Новозаразенире се во Скопје – 168, Битола – 41, Прилеп – 31, Кавадарци – 24, Охрид – 15, Куманово, Велес, Штип, Струмица и Кочани – по 13, Делчево – 11, Ресен и Валандово – по 10, Демир Хисар – 9, Неготино и Берово – по 8, Гевгелија, Свети Николе, Крива Паланка и Радовиш – по 7, Тетово – 3, Македонска Каменица – 2, Гостивар, Кичево, Струга, Виница, Пробиштип, Кратово, Богданци, Македонски Брод и Пехчево – по 1.

    Регистрирани сe 373 оздравени пациенти од: Скопје – 165, Прилеп – 36, Битола – 27, Крива Паланка – 15, Куманово – 14, Кочани – 13, Охрид – 11, Кавадарци и Кратово – по 9, Струмица и Неготино – по 8, Демир Хисар – 7, Штип, Ресен и Кичево – по 6, Гевгелија – 5, Велес, Берово и Радовиш – по 4, Тетово, Струга и Пробиштип – по 3, Виница – 2, Свети Николе, Богданци, Пехчево, Крушево и Демир Капија – по 1.

    Направени се 2.939 тестови преку: ИЈЗ-338, ЦЈЗ Скопје-73, ЦЈЗ Битола-69, ЦЈЗ Прилеп-45, ЦЈЗ Тетово–35, ЦЈЗ Куманово-57, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–179, Жан Митрев (Филип Втори)-100, Авицена-151, Биотек-125, Систина-40, лабораторија Лаор-115, Синлаб-12, Ремедика-17, Плодност–51, Генеа-7, Никоб лаб-261, ВФВ Медикал-43, Ели Медика-24, Ројал Медика–15, Спектра-ММ-7, Рапид Лаб–2, Жан Митрев Струмица–0, Нова Лаб Дијагностика–0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.173.

    Досега во земјата се направени вкупно 1.456.023 тестирања на ковид-19. Вкупно дијагностицирани досега се 213.307, од кои оздравени се 197.493, починати се 7.474, а активни се 8.339 болни.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира