ГЕРМАНЕЦОТ РАНГНИК ЌЕ ГО ВОДИ МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД ДО КРАЈОТ НА СЕЗОНАТА

    ГЕРМАНЕЦОТ РАНГНИК ЌЕ ГО ВОДИ МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД ДО КРАЈОТ НА СЕЗОНАТАРалф Рангник досега работеше во Локомотив Москва (Фото: Алами)

    Манчестер јунајтед го назначи Германецот Ралф Рангник за привремен тренер до крајот на сезоната. Тој доаѓа на местото на Оле Гунар Солшер, кој доби отказ на 21 ноември.

    Шеесет и тригодишниот Рангник досега имаше административна функција во Локомотив Москва.

    „Возбуден сум што доаѓам во Манчестер и посветено ќе работам оваа сезона да ја направам успешна“, изјави тој.

    Доколку добие работна виза на време, Рангник би требало да дебитира на 2 декември против Арсенал.

    Рангник изгради завидна тренерска репутација во Германија, каде што ги водеше Улм, Штутгарт, Хановер, Хофенхајм, РБ Лајпциг и Шалке, со кого стигна до полуфиналето на Лигата на шампионите во 2011.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира