ЛАЖНА БИЛА ПРИЈАВАТА ЗА НАПАД ВО МНТ, ВЕЛИ МВР ПО БЛОКАДАТА НА ДЕЛ ОД ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ

    ЛАЖНА БИЛА ПРИЈАВАТА ЗА НАПАД ВО МНТ, ВЕЛИ МВР ПО БЛОКАДАТА НА ДЕЛ ОД ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕМВР ги направи потребните проверки и утврдено е дека пријавата за напад е лажна,соопшти Министерството по тричасовната блокада. (Фото: К. Попов)

    Лажна била пријавата за напад во Македонскиот народен театар (МНТ), што Министерството за внатрешни работи ја добило од лице денеска во 16.45 часот, соопшти МВР скоро три часа по истрагата поради која беше блокиран дел од строгиот центар на Скопје.

    „МВР ги направи потребните проверки и утврдено е дека пријавата за напад е лажна. Се преземаат активности за утврдување на пријавата и преземање на соодветни мерки и санкции против личноста која лажно пријавила. Им благодариме на граѓаните за трпението, и на медиумите за професионалниот однос кон ситуацијата“, соопшти МВР.

    Полициски сили вечерва го окупираа платото пред МНТ и кај Архивот на Македонија претресувајќи ги овие и сите околни згради и објекти откако лице пријавило напад во МНТ. Евакуирани беа сите згради во потегот од Мостот Гоце Делчев до Националната опера и балет и Филхармонијата. Тука се и Музејот на холокаустот и Музејот на ВМРО. Блокирани беа и пристапите преку мостовите кон левата страна на Вардар и околните улици. Децата од Музичко балетското училиште биле сопрени од полицијата да не одат на часови.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира