30 ДЕЦА СО ПРОБЛЕМИ ВО РАСТОТ ЌЕ НАСТРАДААТ ЗА 260.000 ЕВРА, ДИРЕКТОРОТ ИБРАИМИ ШТЕДИ

a:3:{s:16:"td_post_template";s:23:"single_template_british";s:11:"td_subtitle";s:464:"ЕкономскиотдиректорнаДетскатаклиникаРидванИбраимиупорноодбивадајапотпишеодлукатазаобјавувањетендерзанабавканаоригиналниотхормоннараст,соштогозагрозуваздравјетона30деца,аОмбудсманотпочнапроцедурапротивдискриминацијата";s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

30 ДЕЦА СО ПРОБЛЕМИ ВО РАСТОТ ЌЕ НАСТРАДААТ ЗА 260.000 ЕВРА, ДИРЕКТОРОТ ИБРАИМИ ШТЕДИ

Пет супспецијалисти од Клиниката за детски болести во четвртокот го потпишаа  стручното мислење, дека промената на терапијата на 30 деца со проблеми во растот од оригинален хормон на биолошки сличен хормон за раст ќе има нуспоследици и негативно ќе влијае врз нивното здравје. Со тоа, тие се изјаснија во врска со процедурата што ја спроведе Народниот правобранител и која во четвртокот заврши со поднесување препорака за заштита на правата на овие деца до Детската клиника, Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување.

09-2016-svetski-den-na-detsa-so-problemi-vo-rast-gradski-park1

На Светскиот ден за заштита на децата со проблеми во растот 20 септември, Здружението „Раст” организираше мерење на висината на децата. (Фото: Од архивата на Здружението „Раст”)

Омбудсманот ја почна процедурата по неколкуте јавни реакции на Здружението “Раст” против дискриминацијата на овие деца од Детската клиника, поточно од нејзиниот економски директор Ридван Ибраими, кој упорно одбива да ја потпише одлуката за објавување тендер за набавка на оригиналниот хормон на раст.

„Во неколку наврати сум изјавила, а и сега по препораката од Народниот правобранител потенцирам, дека како директор на Детската клиника нема да дозволам да биде загрозено здравјето макар на едно дете, а камо ли на 30 колку што во моментов го примаат оригиналниот хормон за раст. Сите студии врз база на докази покажуваат дека промената на терапијата кај овие деца со биосимулар е ризична и дека се можни последици врз нивното здравје“, изјави за САКАМДАКАЖАМ.МК д-р Аспазија Софијанова, директор на Клиниката за детски болести.

 „Нема да дозволам да биде загрозено здравјето макар на едно дете, а камо ли на 30 колку што во моментов го примаат оригиналниот хормон за раст“, вели директорот на Детската клиника д-р Аспазија Софијанова; - со директорот на Фондот за здравство д-р Сашо Стефаноски на одбележувањето на Светскиот ден за заштита на децата со проблеми во растот 20 септември (Фото: МИА)

„Нема да дозволам да биде загрозено здравјето макар на едно дете, а камо ли на 30 колку што во моментов го примаат оригиналниот хормон за раст“, вели директорот на Детската клиника д-р Аспазија Софијанова; – со директорот на Фондот за здравство д-р Сашо Стефаноски на одбележувањето на Светскиот ден за заштита на децата со проблеми во растот 20 септември (Фото: МИА)

Народниот правобранител во дописот до трите надлежни институции укажува и препорачува да преземат итни мерки за непречено обезбедување на терапијата за овие деца.

„Ние инсистираме во активностите кои се преземаат секогаш да се тргне од тоа што е најдобро за детето, согласно Конвенцијата за заштита на правата на децата на Обединетите нации чиј што потписник е и Македонија, а во која меѓу другото е нагласена потребата од квалитетна и ефикасна здравствена заштита на децата. Затоа, препорачуваме да се создадат сите потребни услови терапијата на овие деца да продолжи со истиот оригинален хормон за раст со кој се третираат од почетокот на нивното лекување и да не се воведуваат промени кои може да предизвикаат несакани последици врз нивното здравје“, вели Васка Бајрамовска Мустафа, заменик Народен правобранител.

Според д-р Софијанова, проблемот го предизвикува фактот што овој хормон е речиси двојно поскап од биолошки сличниот и што разликата во цената за терапијата за овие 30 деца изнесува плус 16 милиони денари или околу 260.000 евра.

„Ние инсистгираме во активностите кои се преземаат секогаш да се тргне од тоа што е најдобро за детето согласно Конвенцијата за заштита на правата на децата на Обединетите нации чиј што потписник е и Македонија“, потенцира Заменикот Народен правобранител Васка Бајрамовска Мустафа (Фото СДК.МК)

„Ние инсистгираме во активностите кои се преземаат секогаш да се тргне од тоа што е најдобро за детето согласно Конвенцијата за заштита на правата на децата на Обединетите нации чиј што потписник е и Македонија“, потенцира Заменикот Народен правобранител Васка Бајрамовска Мустафа (Фото СДК.МК)

„Се разбира, тие пари мора да се обезбедат, зашто здравјето на тие деца е најважно“, потенцира д-р Софијанова. „Инаку, биосимулатот е одличен лек кој, токму поради тоа што е поевтин, веќе масовно се применува во сите развиени земји. Во тоа се уверивме и при нашите студиски посети на клиники во Баварија и Велика Британија. Кај нас 70 деца се на терапија со биосимуларот, но кај овие 30 не смееме никако да ризикуваме, зашто од почеток го примаат оригиналниот хормон за раст. Економскиот директор Ибраими тргнува од чисто финансиски позиции, но наша обврска како лекари е да го разубедиме, поради што и ги собрав потписите од супспецијалистите“, вели д-р Софијанова.

Таа уште укажува дека би било добро државата и Здружението „Раст” да преговараат за пониска цена со производителот со што на Клиниката би ѝ ги олесниле финансиските проблеми.

Економскиот директор на Детската клиника Ридван Ибраими не беше достапен за изјава зашто беше надвор од земјава. По прес конференцијата на Здружението „Раст” на крајот на септември, тој изјави дека работи согласно законот.

Економскиот директор на Детската клиника Ридван Ибраими

Економскиот директор на Детската клиника Ридван Ибраими

Во препораката, Народниот правобранител бара здравствените институции да ја разгледаат и можноста за дисперзија на хормонската терапија за раст, која сега се дели само во Клиничкиот центар во Скопје, во здравствените домови низ државата за чие издавање би се оспособил соодветен стручен кадар.

“Така би се надминале финансиските проблеми на родителите на овие деца, кои секој месец мора да доаѓаат во Скопје за да ја подигнат терапијата”, укажуваат од канцеларијата на Народниот правобранител.

Министерството за здравство, Фондот за здравствена заштита и Клиниката за детски болести имаат законски рок од еден месец да се изјаснат дали ќе ја почитуваат препораката на Народниот правобранител.

Симнете ја мобилната апликација

©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира