МОЖНО Е СЕОПШТО ЗАРАЗУВАЊЕ СО ОМИКРОН, НО ДАЛЕКУ ПОМАЛА СМРТНОСТ, ПРОГНОЗИРАТ МАТЕМАТИЧКО-СТАТИСТИЧКИТЕ АНАЛИЗИ НА ПРОФЕСОРОТ ТРАЈКОВСКИ

    МОЖНО Е СЕОПШТО ЗАРАЗУВАЊЕ СО ОМИКРОН, НО ДАЛЕКУ ПОМАЛА СМРТНОСТ, ПРОГНОЗИРАТ МАТЕМАТИЧКО-СТАТИСТИЧКИТЕ АНАЛИЗИ НА ПРОФЕСОРОТ ТРАЈКОВСКИПоради големиот наплив на нови случаи деновиве, по една недела ќе видиме пораст на бројот на починатите, но стапката на леталитет ќе продолжи да се намалува, веројатно до помалку од еден процент, вели проф. Трајковски. (Фото: СДК.МК)

    Можно е сеопшто заразување на популацијата со коронавирус откако омикрон сојот ќе достигне стопроцентна застапеност, а стапката на позитивни тестови која сега се искачи над 20 проценти, да стигне до 40 отсто, прогнозира професорот Дејан Трајковски од Техничкиот факултет во Битола, кој од почетокот на пандемијата врши математичко- статистичките анализи за состојбата со заразата во земјава.

    „Ефективниот репродукциски број Rt одново, но многу побргу отколку во претходните бранови, се најде во зоната на екстремно високи вредности, над 2,0. Многу рано, а овие високи вредности се случуваат при висок број на нови случаи и допрва ќе искачуваат нагоре. Стапката на позитивни тестови е над 20 проценти. Сето тоа се случува за многу кратко време од сé на сé неколку дена, поточно откако омикрон сојот започна да доминира. Ова е само почеток и можно е да видиме стапки околу 40%, т. е. сеопшто заразување на популацијата откако омикрон сојот ќе достигне стопроцентна застапеност. Да не заборавиме, ова е само почеток, а големите бројки и проценти допрва доаѓаат“, предупреди професорот Трајковски.

    Ова е само почеток и можно е да видиме стапки околу 40%, т. е. сеопшто заразување на популацијата откако омикрон сојот ќе достигне стопроцентна застапеност. Да не заборавиме, ова е само почеток, а големите бројки и проценти допрва доаѓаат“, предупреди професорот Трајковски.

    Сепак, според него, за разлика од овие застрашувачки, нагорни трендови за заразувањето, кај смртноста сликата е многу пооптимистичка, односно практично дијаметрално спротивна.

    „Поради празниците изгледа како да нема никој во Министерство за здравство од системот ‘Мој термин’ да ги прочита броевите на ‘заборавените’ починати, но дури и без нив забележуваме неверојатен пад во дневниот број на починати. Ова рано намалување на бројот на умрени кажува дека омикрон сојот кај нас се ширел најмалку 2-3 недели. Поради големиот наплив на нови случаи деновиве, по една недела ќе видиме пораст на бројот на починатите, но стапката на леталитет (процентот на починати од новозаразените) ќе продолжи да се намалува, веројатно до помалку од еден процент“, вели Трајковски.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА


      ГЛАСНО - во САКАМДАКАЖАМ.МК пријавете проблеми во здравствениот систем


      Почитувани читатели, ни треба вашата помош за заедно да ги откриеме, истражиме и придонесеме за решение на какви било проблеми што го отежнуваат или оневозможуваат пристапот до квалитетна услуга во јавното здравство. Пишете ни за вашите проблеми со здравствените институции низ целата земја. Ви благодариме на довербата.

      Симнете ја мобилната апликација

      ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира