33-годишна жена утринава почина на Инфективното одделение во болницата во Битола. Пациентката не била позитивна на вирусот, но била хоспитализирана како сомнителна на ковид-19. За да се утврди причината на смртта, побарана е судско-медицинска обдукција врз телото на починатата.
„Синоќа е примена пациентката на 33 години на Инфективното одделение во Битола како сомнителна на ковид-19, без потврден тест. Хоспитализирана е и дадена е соодветна терапија. По влошување на ситуацијата преземени се реанимациони мерки. Побарана е обдукција. Според податокот од дежурните лекари, во системот не се заведени коморбидитети, освен обезност. Пациентката не била вакцинирана“, велат од Клиничката болница Битола.
Ж. ЗДРАВКОВСКА