ЛАЖЕН ВОЛОНТЕР НА ЦРВЕН КРСТ СОБИРА ПАРИ ОД ЖИТЕЛИТЕ НА АЕРОДРОМ, ОПШТИНАТА АПЕЛИРА ИЗМАМЕНИТЕ ДА ПРИЈАВАТ ВО ПОЛИЦИЈА

    ЛАЖЕН ВОЛОНТЕР НА ЦРВЕН КРСТ СОБИРА ПАРИ ОД ЖИТЕЛИТЕ НА АЕРОДРОМ, ОПШТИНАТА АПЕЛИРА ИЗМАМЕНИТЕ ДА ПРИЈАВАТ ВО ПОЛИЦИЈАОд Општината велат дека измамникот е момче на возраст од 23 до 25 години и апелираат да се пријавува во полиција. (Фото: СДК.МК)

    Лажен волонтер на Црвен крст ги мами жителите на Општина Аеродром и им собира пари, предупредија денеска од Општината. Во соопштението се предупредуваат граѓаните да бидат многу внимателни, оти лицето ниту е волонтер на Црвен крст ниту собира пари за хуманитарни цели. Од Општината велат дека тие не можат да го пријават случајот во полиција, туку тоа треба да биде пријава од лица кои се измамени и затоа апелираат граѓаните да пријавуваат.

    Според информациите кои стигнале до Општината од измамени граѓени, станува збор за момче на возраст од 23 до 25 години, високо над два метра, облечено со црна зимска јакна и црни фармерки, со капа на главата и маска на лицето.

    „Според сведоштва на жителите, момчето ѕвони и тропа од врата на врата и бара пари од граѓаните, наводно за потребите на Црвен крст. Непознатиот измамник на луѓето на кои му отвориле врата им велел дека парите што ги собира ќе бидат искористени за помош на деца од нашата општина“, се вели во соопштението од Општина Аеродром.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира