ВЛЕЗ ВО КОСОВО ЗА МАКЕДОНСКИ ГРАЃАНИ САМО СО ПРИМЕНИ ТРИ ВАКЦИНИ ИЛИ СО ДВЕ ДОЗИ ПЛУС ПЦР ТЕСТ

    ВЛЕЗ ВО КОСОВО ЗА МАКЕДОНСКИ ГРАЃАНИ САМО СО ПРИМЕНИ ТРИ ВАКЦИНИ ИЛИ СО ДВЕ ДОЗИ ПЛУС ПЦР ТЕСТКосовската влада ги донела мерките поради влошената ситуација со ковид-19. (Фото: СДК.МК)

    Во Косово од Македонија денеска може да се влезе само со примена трета доза вакцина за ковид-19 или со две дози заедно со негативен ПЦР тест. Од Министерството за надворешни работи соопштија дека сите македонски раѓани кои ќе патуваат за Косово мора да се придржуваат на новите мерки, кои се донесени од косовските власти поради влошување на состојбата со ковид-19.

    „И со новата мерка, ограничувањата не важат за влез на малолетни лица до 12 години како и одредени исклучоци кои се поврзани со транзит низ земјата, слетување и полетување на приштинскиот аеродром и други случаи во кои лицата не престојуваат подолго од 3 часа во земјата“, велат од Министерството за надворешни работи.

    Лицата кои не се вакцинирани поради здравствени причини, при влез во Косово се задолжени да поседуваат потврда за тоа од доктор специјалист заедно со негативен ПЦР тест, не постар од 48 часа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира