РАКЕТА НА ИЛОН МАСК Е НА ПАТ ДА УДРИ ВО МЕСЕЧИНАТА

    РАКЕТА НА ИЛОН МАСК Е НА ПАТ ДА УДРИ ВО МЕСЕЧИНАТАРакетата „Фалкон 9“ беше лансирана во 2015, но немаше доволно гориво да се врати на Земјата (Фото: Гети)

    Ракета лансирана од компанијата „СпејсЕкс“ на Илон Маск е на пат да удри во Месечината и да експлодира. Ракетата „Фалкон 9“ беше лансирана во 2015, но откако ја комплетираше мисијата да испрати метеоролошки сателит, немаше доволно гориво да се врати на Земјата, па остана во вселената.

    Американскиот астроном Џонатан Мекдауел вели дека ова ќе биде прв познат неконтролиран судир на ракета со Месечината, што се очекува на 4 март.

    „Ефектите од судирот ќе бидат незначителни. Станува збор за метален резервоар од четири тони со ракетен мотор. На површината на Месечината ќе остане мал вештачки кратер“, кажа Мекдауел.

    Од 2015, ракетата ја влечат различни гравитациски сили на Земјата, Месечината и Сонцето, што нејзината патека ја прави хаотична.

    „Ракетата е мртва, само ги следи законите на гравитацијата“, додаде Мекдауел.

    Во вселената има милиони парчиња отпад, остатоци од разни мисии.

    „Во изминатите неколку децении изгубивме контакт со педесетина големи објекти. Вакви судири можеби се случиле и во минатото, само не сме забележале. Ова ќе биде прв документиран судир“, вели Мекдауел.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира