АНТИТЕРОРИСТИЧКА АКЦИЈА НА АМЕРИКАНСКИТЕ СПЕЦИЈАЛЦИ ВО СИРИЈА, ЗАГИНАА И ЦИВИЛИ МЕЃУ КОИ И 6 ДЕЦА

    АНТИТЕРОРИСТИЧКА АКЦИЈА НА АМЕРИКАНСКИТЕ СПЕЦИЈАЛЦИ ВО СИРИЈА, ЗАГИНАА И ЦИВИЛИ МЕЃУ КОИ И 6 ДЕЦАОва беше најголемиот напад во покраината Идлиб од американскиот напад во 2019; - Прес секретарот на Пентагон, Џон Кирби. (Фото: АП)

    Американските специјални сили рано изутринава извршија, како што рече Пентагон, успешен, голем антитерористички напад во северозападна Сирија. Првите извештаи од лице место се дека се убиени 13 лица, меѓу кои шест деца и четири жени.

    Операцијата, за која жителите велат дека траела околу два часа, го потресе заспаното село Атмех во близина на турската граница – област преполна со кампови за внатрешно раселените лица од граѓанската војна во Сирија. Целта на рацијата не беше веднаш јасна.

    Прес секретарот на Пентагон, Џон Кирби, во куса изјава рече дека мисијата била успешна.

    „Немаше жртви од САД. Повеќе информации ќе бидат обезбедени кога ќе станат достапни“.

    Неколку жители изјавија за Асошиетед прес дека виделе делови од тела расфрлани во близина на местото на рацијата, куќа во сириската провинција Идлиб, контролирана од бунтовниците. Тие зборуваа под услов да останат анонимни поради страв од репресалии и рекоа дека во рацијата имаше хеликоптери, експлозии и пукање од митралези.

    Ова беше најголемиот напад во покраината од американскиот напад во 2019, чија цел беше лидерот на Исламската држава Абу Бакр ал-Багдади. Идлиб е нашироко контролиран од борци поддржани од Турција, но исто така е упориште на Ал Каеда и дом на неколку нејзини врвни оперативци. Други милитанти, исто така, се засолнати во регионот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира