РАКОВОДИТЕЛОТ ВО УБК ОД КОМПЈУТЕРОТ ВО КАНЦЕЛАРИЈА ГИ СЛУШАЛ ТЕЛЕФОНСКИТЕ РАЗГОВОРИ НА ФУНКЦИОНЕРИ, НОВИНАРИ И ГРАЃАНИ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    РАКОВОДИТЕЛОТ ВО УБК ОД КОМПЈУТЕРОТ ВО КАНЦЕЛАРИЈА ГИ СЛУШАЛ ТЕЛЕФОНСКИТЕ РАЗГОВОРИ НА ФУНКЦИОНЕРИ, НОВИНАРИ И ГРАЃАНИ

    Специјалното јавно обвинителство (СЈО) е на чекор да утврди дека во периодот од 2008 до 2015 година илјадници граѓани биле прислушувани од Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), која цело време беше под раководство на еден директор, Сашо Мијалков. На денешната прес-конференција на специјалната обвинителка Катица Јанева, која ја води оваа истрага под име „Таргет“, и на обвинителките Фатиме Фетаи и Ленче Ристовска, беше кажано дека од неодамна земената архива од третиот систем за следење на комуникациите, кој сѐ уште се користи во УБК, утврдено е дека незаконското прислушување продолжило и по објавувањето на аферата со прислушувањето од лидерот на опозицијата Зоран Заев, но и во текот на 2016.

    СЈО отвори истражна постапка со кодно име „Таргет“ против десет лица од УБК кои се сомничат дека незаконски прислушувале 5.827 телефонски броеви.

    „Постои основано сомнение дека преку три системи за следење на комуникациите во УБК од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби. Следена била и комуникацијата пред да бидат издадени и по завршување на траењето на важноста на судските наредби на 1.541 број или вкупно 5.827 телефонски броеви“, кажа обвинителката Фатиме Фетаи.

    Во периодот од 2008 до 2015, УБК користела три различни системи за прислушување. Два од нив незаконски се уништени, за што се води и посебен предмет во СЈО “Тврдина“. За прислушувањето на телефонски броеви на владини функционери, коалициони партнери на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, политичари, бизнисмени и новинари, без судска наредба или по завршување на периодот назначен во судска наредба, осомничени се три раководни лица од УБК и седуммина од пониските ешалони во Управата. Тие имале и лозинки за да влезат и сами во трите система за прислушување во УБК, а второосомничениот и по уништувањето на двата система продолжил и натаму да го организира незаконското следење на комуникациите преку третиот систем и на компјутерот во канцеларијата ги слушал разговорите на таргетираните лица.

    Обвинителката Ленче Ристоска рече дека телефонот на ексминистерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска бил незаконски прислушуван повеќе од 700 денови. Трите телефони на поранешниот министер за транспорт, Миле Јанакиески над 800 денови, телефонот на Али Ахмети бил прислушуван повеќе од 1.000 денови, на Мендух Тачи над 1.200 денови, на Муса Џафери над 1.658 денови. Ексминистерот за внатрешни и сегашен директор на „Комерцијална банка“ Хари Костов бил незаконски следен најмалку 732 дена.

    Новинарот Горан Михајловски, кој тогаш беше главен уредник на весникот “Вест“, а сега е основач и главен уредник на порталот САКАМДАКАЖАМ.МК, бил незаконски следен од 1 февруари 2013 до 10 март 2015, новинарката Мери Јордановска од 15 февруари 2014 до 10 март 2015, а телефонот на новинарот Борјан Јовановски бил прислушуван од 3 декември 2010 до 10 јануари 2013, рече обвинителката Фетаи.

    Според досегашниот доказен материјал даден од два телекомуникациски оператора, телефонот на експремиерот Никола Груевски не бил таргет за прислушување. Се чека одговор од третиот оператор, кој уште не ги дава информациите, за што се побарани мерки од судот, рече Ристовска.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира