ПОПРВО НЕМА ДА ИГРАМ НА ТУРНИРИ ОТКОЛКУ ДА МОРА ДА СЕ ВАКЦИНИРАМ ПРОТИВ КОВИД-19, ВЕЛИ ЃОКОВИЌ

    ПОПРВО НЕМА ДА ИГРАМ НА ТУРНИРИ ОТКОЛКУ ДА МОРА ДА СЕ ВАКЦИНИРАМ ПРОТИВ КОВИД-19, ВЕЛИ ЃОКОВИЌЃоковиќ вели дека не сака да го поврзуваат со антиваксерското движење (Фото: АП)

    Новак Ѓоковиќ вели дека попрво ќе пропушта турнири во иднина отколку да мора да се вакцинира против ковид-19. Во интервјуто за Би-Би-Си, прво откако не му беше дозволено да игра на Отвореното првенство на Австралија минатиот месец, светскиот рекет број еден кажа дека не сака да го поврзуваат со антиваксерското движење, но го поддржува правото на поединецот на избор.

    Запрашан дали е подготвен со ваквиот свој став да жртвува турнири како Ролан Гарос и Вимблдон, Ѓоковиќ одговори:

    „Да, тоа е цената што сум подготвен да ја платам“.

    На Ѓоковиќ не му беше дозволен влез во Австралија поради спорот околу неговиот вакцинален статус, при што министерот за имиграција Алекс Хок заклучи дека тој би можел да го охрабри антиваксерското движење во земјата.

    „Јас не сум против вакцинирањето, сум примил вакцини како дете, но отсекогаш сум ја поддржувал слободата на избор што ќе ставате во вашето тело“.

    Тој се надева дека правилата за вакцинирање ќе се променат на одредени турнири, зашто сака да игра тенис уште многу години.

    „Принципите за донесувањето одлуки за моето тело се поважни од која било титула или што било друго. Се трудам да бидам во склад со моето тело што е можно повеќе. Останувам отворен за можноста да се вакцинирам во иднина бидејќи сите колективно се обидуваме да го најдеме најдоброто решение за крај на пандемијата“, вели Ѓоковиќ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира