ДАНЕЛА НЕ МУ ДАВА НА СТЕВЧО ДА ФРЛА ЃУБРЕ ВО НЕЈЗИНИТЕ КОНТЕЈНЕРИ

    ДАНЕЛА НЕ МУ ДАВА НА СТЕВЧО ДА ФРЛА ЃУБРЕ ВО НЕЈЗИНИТЕ КОНТЕЈНЕРИ„Ова покажуваат како сакаат да практицираат власт во Општина Карпош, но да им кажам дека ќе наидат на сериозен отпор“,  вели Јакимовски.

    Инспектори од комуналната претпријатие на Град Скопје денеска дошле во Општина Карпош и им забраниле на нивните работници да фрлаат ѓубре во градските контејнери. Градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски попладнево на фејсбук профилот на општината објави видео во кое вели дека инспекторите се пратени откако тој вчера кажа дека никој не ги чисти улицте и парковите и ова е начинот на кој новото градско раководство сака да практицира власт.

    „Откако вчера објавивме дека во Карпош има само тројца вработени на ‘Комунална хигиена‘ од кои едниот работи, а другите двајцата седат, раководството ни прати комунални инспектори кои на нашите служби им кажаа дека не смеат да фрлаат ѓубре и хартија во нивните контејнери, тоа било нивни мираз. Ова што се случи може да го сместиме во рубриката „верувале или не“. ‘Комунална‘ нема да ни прати работници за чистење, ама затоа имаат 4 комунални инспектори кои ги пратиле да нè дисциплираат односно да ни ја затнат устата наместо да се фатат за метлата “, вели градоначалникот Стевчо Јакимовски.

    Градоначалникот Јакимовски вели дека денеска повторно направиле испекциски надзор кој е документиран со видео запис, каде се гледа повторно дека никој од комуналното јавно претпријатие на Град Скопје не чисти во Карпош.

    „Не може во Општина со 24.500 домаќинстав од каде е највисоката наплатата на данок на имот да има само тројца работници. Мојата работа никој не ја работи, но немам намера да ја работам нивната работа. Секој што зема народни пари треба да си ја работи својата работата. И наместо да се засрамат, тие гледајте со какви работи се служат. Ова покажуваат како сакаат да практицираат власт во Општина Карпош, но да им кажам дека ќе наидат на сериозен отпор“,  рече Јакимовски.

    Јакимовски во декември преку видео обраќање на неговиот фејсбук профил се пожали дека 45 дена не може да ја добие градоначалничката на Скопје Данела Арсовска. Не му одговарала на телефонските повици и немало никаква кооперативност од нејзнина страна за решавање на проблемите кои ги засегаат граѓаните.

    Пред два дена директорот на ЈП „Комунална хигена“ Зухри Енус се пожали дека организирана група намерно расфрла ѓубре низ градот.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира