„Влажност“ на српскиот автор Никола Љуца ја освои Златната ѕвезда за најдобар филм на 15 филмски фестивал Синедејс, што заврши синоќа во Скопје. Жирито, на чело со продуцентот Чедомир Колар и режисерите Зринко Огреста и Игор Иванив Изи, го награди „затоа што со оригинален филмски јазик успева да ја разобличи современата брачна заедница, прикажувајќи ги апсурдот и хопокризијата со кои се соочени денешните генерации, во обидите да ги оддржат традиционалната форма и вредности“.
За најдобра режија награден е унгарскиот автор Атила Тил за „Убијци на тркала“, за најдобро сценарио германската режисерка Марен Аде за „Тони Ердман“, а во категорија СинеБалкан, најдобар филм е хрватскиот „Не ми зјапај во чинијата“ на Хана Јусиќ.