ЗВРЛЕВСКИ НЕ ВЛЕГУВА ВО УБК ЗА ПРИСЛУШУВАЊЕТО ВО 2016

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ЗВРЛЕВСКИ НЕ ВЛЕГУВА ВО УБК ЗА ПРИСЛУШУВАЊЕТО ВО 2016

    Јавното обвинителство на чело Марко Зврлевски не влегува во УБК да спроведе истрага, четврти ден откако Специјалното обвинителство објави дека поседува материјални и вербални докази оти УБК продолжила со незаконското прислушување на граѓани и по објавувањето на бомбите на опозицијата, но и во 2016. Бидејќи СЈО на чело со Катица Јанева, според законот, смее да постапува за незаконското прислушување само до 31 декември, 2015, не е надлежно да презема дејства за ова кршење на човековите права на граѓаните и во 2016.

    СЈО објави дека незаконското прислушување по објавувањето на бомбите на опозицијата до денес се врши преку третиот систем во УБК за следење на комуникациите, бидејќи двата претходни система се уништени, за што СЈО води посебна истрага под кодно име “Тврдина“.

    Сега за овој криминал вршен од УБК е треба да постапува Јавното обвинителство.

    “Имаме податоци и докази за незаконско прислушување на граѓани, новинари, функционери, политичари, бизнисмени и во 2016 година, но не сме надлежни да постапиме. Тоа е во надлежност на Јавното обвинителство. Ние јавно изнесовме информации од кај ни се прибавени доказите, упативме каде може Обвинителството да ги најде. Ние нашите докази не можеме да му ги дадеме на Обвинителството. Според надлежноста, тие сами треба да влезат во УБК, да ги побараат тие податоци од Управата, да се обратат до операторот“, велат во СЈО за САКАМДАКАЖАМ.МК .

    Јавниот обвинител Зврлевски не одговори на нашето прашање дали надлежното обвинителство веќе отворило истрага и што ќе преземе по информациите од СЈО за масовно прислушување на граѓани од УБК во 2016.

    Во мај 2015, по настаните во кумановската населба Диво Насеље, тогашниот директор на УБК Сашо Мијалков си поднесе оставка. На негово место дојде Љупчо Андоновски, а потоа за директор на УБК беше именуван Владимир Атанасовски. Тоа е тројката одговорни за континуитет на прислушувањето по објавувањето аферата со прислушувањето, но и за прислушувањето во 2016.

    Во петокот СЈО соопшти дека отвора нова истрага наречена “Таргет“ против десет лица од УБК кои се сомничат дека незаконски прислушувале 5.827 телефонски броеви. Првите тројца осомничени се од раководството на Управата.

    „Постои основано сомнение дека преку три системи за следење на комуникациите во УБК од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби. Следена била и комуникацијата пред да бидат издадени и по завршување на траењето на важноста на судските наредби на 1.541 број или вкупно 5.827 телефонски броеви“, кажа обвинителката Фатиме Фетаи.

    Трите раководни лица под чија палка се вршело масовното прислушување имале и лозинки за да влезат и сами во трите система за прислушување во УБК, а второосомничениот и по уништувањето на двата система продолжил и натаму да го организира незаконското следење на комуникациите преку третиот систем и на компјутерот во канцеларијата ги слушал разговорите на таргетираните лица.

    “Нелегалното прислушување било забележано од лице вработено во УБК кое прибавило дел од транскриптите и дел од аудиозаписите од незаконски следените комуникации. Потоа ова лице ги предало на друго, кое му ги доставило на лидер на политичка партија. Потоа тој материјалите му ги предал на Специјалното јавно обвинителство“, објасни Фетаи.

    Соња К. Делевска

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира