СКОРО 2 ИЛЈАДИ УАПСЕНИ ВО РУСИЈА ВО ПРОТЕСТИТЕ ПРОТИВ ИНВАЗИЈАТА НА УКРАИНА

    СКОРО 2 ИЛЈАДИ УАПСЕНИ ВО РУСИЈА ВО ПРОТЕСТИТЕ ПРОТИВ ИНВАЗИЈАТА НА УКРАИНАОколу 1.745 лица во 54 руски градови беа приведени, од кои најмалку 957 во Москва. (Фото: АП)

    Илјадници шокирани Руси денеска излегоа на протестите низ земјата за да ја осудат руската инвазија на Украина, додека на социјалните мрежи растеа емотивните повици за протести. Околу 1.745 лица во 54 руски градови беа приведени, од кои најмалку 957 во Москва.

    Стотици објави се појавија со осуда на најагресивната акција на Москва од советската инвазија на Авганистан во 1979. Владимир Путин го нарече нападот врз Украина „специјална воена операција“ за заштита на цивилите во источна Украина од „геноцид“ – лажно тврдење што САД го предвидоа дека ќе биде изговор за инвазија, и кое многу Руси целосно го отфрлија.

    Татјана Усманова, опозициска активистка во Москва, напиша на Фејсбук дека мислела оти сонува кога се разбудила во 5:30 часот од веста, која ја нарече „срам што ќе биде засекогаш со нас сега“.

    „Сакам да ги замолам Украинците за прошка. Ние не гласавме за оние кои ја започнаа војната“, рече таа.

    Додека се слушаа сирените во Киев, главниот град на Украина, и таму и во другите градови се слушаа големи експлозии, Русите потпишуваа отворени писма и петиции преку Интернет, барајќи од Кремљ да го запре нападот, за кој украинскиот министер за здравство рече дека уби најмалку 57 Украинци, а ранети се над 160.

    „Јавното мислење е во шок, луѓето се во шок“, изјави политичкиот аналитичар Абас Галјамов за Асошиетед прес.

    Неколку познати руски личности и јавни личности, меѓу кои и некои кои работат за државната телевизија, се изјаснија против нападот. Јелена Ковалскаја, директорка на московскиот театар финансиран од државата, на Фејсбук објави дека дава отказ, велејќи дека е „невозможно да се работи за убиец и да се биде платен од него“.

    „Ние, рускиот народ, сме против војната што ја започна Путин. Ние не ја поддржуваме оваа војна, таа не се води во наше име“, рече рече активистката за човекови права Марина Литвинович во видео изјава на Фејсбук, повикувајќи на масовни протести.

    Но, властите не се обѕираат на протестите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира