ОСТАВЕНИ СМЕ САМИ ДА СЕ БОРИМЕ ПРОТИВ РУСИЈА, КАЖА ЗЕЛЕНСКИ ВО ОЧЕКУВАЊЕ НА РУСКА ОФАНЗИВА НА КИЕВ

    ОСТАВЕНИ СМЕ САМИ ДА СЕ БОРИМЕ ПРОТИВ РУСИЈА, КАЖА ЗЕЛЕНСКИ ВО ОЧЕКУВАЊЕ НА РУСКА ОФАНЗИВА НА КИЕВКиев утрово бил ракетиран и се очекуваат тенковски напади во текот на денот (Фото: Гети)

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја повика меѓународната заедница да реагира повеќе за да се запре руската инвазија, велејќи дека санкциите не се доволни. Тој кажа дека Украина е оставена да се бори сама против Русија, чии сили се доближуваат кон главниот град Киев.

    Градот утрово бил ракетиран и украинските власти велат дека очекуваат тенковски напади во текот на денот, за кој сметаат дека би можел да биде најтежок во оваа војна. Од министерството за одбрана се согласуваат дека руските трупи денеска би можеле да стигнат до перифериите на Киев. Оттаму додаваат дека украинската војска ги брани позициите на четири фронта, иако е помалубројна.

    Украинските борбени авиони утрово уништиле мост 50 километри северно од Киев за да се забави напредувањето на руските трупи.

    Оставени сме сами да ја браниме нашата држава, додека сојузниците гледаат оддалеку. Кој е подготвен да се бори заедно со нас? Не гледам никого. Кој е подготвен да ѝ даде гаранции на Украина за членство во НАТО? Сите се уплашени“, кажа Зеленски и ги повика источноевропските членки на НАТО да помогнат во одбраната.

    Тој вели дека Русија го означила како главна мета.

    Тие сакаат да ја уништат Украина политички така што ќе го соборат шефот на државата. Јас останувам во седиштето на владата заедно со останатите. Непријателот ме означи како мета број еден, а моето семејство како мета број два“, изјави Зеленски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира