ЗАПОЧНА ОДБРАНАТА НА КИЕВ, КАЖА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КЛИЧКО

    ЗАПОЧНА ОДБРАНАТА НА КИЕВ, КАЖА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КЛИЧКОИстрели и експлозии се слушаат во некои предградија на Киев (Фото: АП)

    Градоначалникот на Киев, Витали Кличко, кажа дека градот влегол во одбранбена фаза, додека руските трупи навлегуваат од периферијата.

    „Започна одбраната на градот. Истрели и експлозии се слушаат во некои предградија, а руските саботери се веќе во градот. Непријателот сака да го фрли градот на колена и да нè уништи“, изјави Кличко.

    Киев утрово беше цел на руски ракетирања и властите кажаа дека во текот на денот се очекува и силен тенковски напад. Агенцијата „Интерфакс“ пренесе дека руските сили го зазедоа аеродромот „Хостомел“ во близина на Киев.

    Руското министерство за одбрана кажа дека Киев е блокиран од западната страна и дека во нападот учествуваат и сепаратистичките трупи од источна Украина.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира