Грчкиот премиер Кирјос Мицотакис соопшти дека 10 етнички Грци загинале денеска во руски воздушен напад близу украинскиот град Мариупол.
„10 невини цивили со грчко потекло се убиени денеска во руски воздушен напад близу Мариупол. Запрете го бомбардирањето веднаш“, твитна вечерва Мицотакис.
Претходно денеска, грчката државна телевизија јави дека шестмина етничкки Грци се убиени близу Мариупол кога руски бомби ја погодиле областа.
Во Украина има околу 90 илјади припадници на грчкото малцинство, а околу 20 илјади од нив живеат во Мариупол.