Денеска на депонијата „Дрисла“ се уништени 67 илјади дози вакцини на „Фајзер“, „АстраЗенека“ и помал дел на „Синофарм“, со изминат рок на употреба, соопшти Министерството за здравство. Уништувањето на вакцините се реализира во неколку фази, почнувајќи од денеска, а ќе продожи и во текот на следната недела кога ќе бидат уништени уште 200 илјади дози.
„Целата постапка е реализирана во соработка со Институтот за трансфузиологија. Потенцираме дека сите вакцини кои се користат во моментот се сигурни и безбедни, a согласно законската процедура вакцините на кои им поминува рокот, најпрво се повлекуваат од употреба, а потоа почнува постапка за нивно уништување, во соработка со МАЛМЕД“, велат од Министерството за здравство.
Досега во земјава против ковид-19 се вакцинирани 869.763 граѓани или околу 41 отсто.