Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) препорачува да се разгледа опцијата Владата да ја зголеми старосната граница за пензионирање и да се имплементираат политики за зголемување на активната работна сила и зголемување на придонесите. Во најновиот извештај за Македонија, Фондот предупредува дека обезбедувањето одржливост на пензискиот систем е важна среднорочна цел.
ММФ смета дека актуелниот пензиски систем во Македонија се соочува значителна финансиска нерамнотежа поради стареењето на популацијата и намалување на придонесите. Пензискиот дефицит, кој изнесува 4,5 отсто од БДП се планира да се зголеми двојно до 2030-та година, доколку не се спроведат сериозни промени.