ДА СЕ ЗАТВОРИ ВОЗДУШНИОТ ПРОСТОР НАД УКРАИНА, ПОБАРАА УКРАИНЦИТЕ НА ПРОТЕСТОТ ВО СКОПЈЕ

    ДА СЕ ЗАТВОРИ ВОЗДУШНИОТ ПРОСТОР НАД УКРАИНА, ПОБАРАА УКРАИНЦИТЕ НА ПРОТЕСТОТ ВО СКОПЈЕОд денес на Плоштадот во Скопје се собира и хуманитарна помош за украинскиот народ. (Фото: СДК.МК)

    Украинските државјани кои живеат во земјава денеска на Плоштадот Македонија во Скопје протестираа против руската инвазија на Украина. Нарекувајќи го рускиот претседател Владимир Путин геополитички клептоман, кажаа дека поради неговите апетити да биде запишан во историјата како голем освојувач загинати се илјадници луѓе и уништени градови.

    „Сакаме да го искажеме револтот поради нечовечкиот, подмолен и монструозен напад на Украина од страна на Русија. Без жалост и размислување се уништуваат градови и села, се убива мирно и невино население притоа нештедејќи ниту деца и старци. Со руската инвазија ставена е под удар и нуклеарната безбедност и сите знаеме какви катастрофални последици може да донесе оваа нуклеарна закана не само за Украина туку и пошироко. Бараме веднаш да се затвори воздушниот простор над Украина“, рече претседателот на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“ Олександр Урбанович.

    Лидерите на земјите на НАТО во петокот одбија да воведат забрана за летање над Украина. НАТО смета дека воведувањето на ваква забрана ќе доведе до конфронтација со Москва и до ширење на војната.

    Од Здружението се заблагодарија на поддршката на македонската влада и македонскиот народ на Украина.

    На Плоштадот од денеска се собира и хуманитарна помош за украинскиот народ.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира