ОПШТИНА КАРПОШ ПОЧНА ПОСТАПКА И ЗА ПЛАНОТ ЗА ЖДАНЕЦ, ЖИТЕЛИТЕ ВЕЛАТ СЕ ЦРТААТ ОБЈЕКТИ И УЛИЦА ВО ДВОРОВИ И СЕ УНИШТУВА ЗЕЛЕНИЛО

    ОПШТИНА КАРПОШ ПОЧНА ПОСТАПКА И ЗА ПЛАНОТ ЗА ЖДАНЕЦ, ЖИТЕЛИТЕ ВЕЛАТ СЕ ЦРТААТ ОБЈЕКТИ И УЛИЦА ВО ДВОРОВИ И СЕ УНИШТУВА ЗЕЛЕНИЛОЖителите револтирано ја прашуваат планерката од „Тајфа план“ и претставниците на Општината зошто на државно земјиште цртаат градба наместо да го заштитат овие парцели со намена зеленило.(Фото: СДК.МК)

    Општина Карпош ја почна постапката за носење на уште Детален урбанистички план, со кој според граѓаните ќе се уништи хуманото живеење во населбите Козле и Жданец. Со измените на ДУП-от за блок Ј03.04 дел од Градска четврт ЈОЗ, зад дел од куќите во Жданец се предвидува пробивање на нова улица и маркички за куќи со приземје, два ката и поткровје. Новите објекти се предвидуваат на парцели кои се државно земјиште.

    На јавната презентација на планот жителите револтирано ја прашуваат планерката од „Тајфа план“ и претставниците на Општината зошто на државно земјиште цртаат маркички за куќи кои сметаат дека ќе прераснат во згради, наместо да го заштитат овие парцели со намена зеленило.

    На сметка на нашето хумано живеење, Општина Карпош планира да ни насади нови згради во дел од дворовите кои ги користиме повеќе од половина век. Станува збор за државно земјиште кое најверојатно веќе го пикирале моќните претставници на урбаната мафија која препозна брза заработка. Зелениот појас над нашите семејни куќи, некој замислил да биде ново урбано грдење на просторот со една цел. Освен што постои ризик, на сртот над нашите домови, да се изградат бетонски чудовишта на простор каде постои опасност од лизгање на земјиштето од можниот налет на багерите, новите соседи директно ќе гледаат во нашите спални соби. Според Над нашите домови треба да никнат околу десет нови објекти на сметка на децениското зеленило кое сите ние го негуваме со години“, велат жителите на овој дел од населбата Жданец.

    Со новиот план улицата која ќе се гради за да има пристап за новите куќи, не минува само низ дворови туку треба да се урне и куќа.

    Како сте можеле да нацртате ваков план, па дали вие сте излегле на лице место, да ја видите конфигурацијата на терен и дека улицата ми ја урива куќата. Тука нема услови ниту за пробивање улица ниту за новите градби. За чии интереси го правите планот, кога нас не сте нè прашале“, рече една од присутните граѓанки на јавната презентација.

    Од Општина Карпош им рекоа на граѓаните дека планот не е донесен, оваа почеток и дека нивните барања можат да ги напишат на анкетни листови и истите ќе бидат земени предвид.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира